Животот е да го живееш!

Животот е како река. Река со помалку или повеќе вода која не запира. Ако скокнете во реката на животот знаете ли каде сакате да завршите или сте фатени од матрицата на тековните настани, предизвици и стравови па немате контрола и дозволувате реката то ест животот да ве влече се додека еден ден не се разбудите и сфатите дека е премногу доцна. Животот поминал. 

Синдром на Нијагара

Тони Робинс, го нарекува ова „синдром на Нијагара“. Тој вели: „повеќето луѓе скокаат во реката без да донесат вистинска одлука каде таа река сакаат да ги однесе. Кога ќе дојдат до местото каде реката се разгранува тие свесно не одлучуваат каде сакаат да одат или која е вистинската насока за нив. Одат несвесно со матрицата. Стануваат маса на луѓе кои се насочени од околината, наместо сопствените вредности. Се чувствуваат дека немаат контрола.

Остануваат во таа несвесна состојба се додека еден ден не ги разбуди звукот на бесната вода и откриваат дека се пред Нијагарините водопади во чамец без весла. Во тој момент велат: О, да му се плукнам на животот!. Но тогаш е доцна. Мора да го поднесат падот. Емоционален, финансиски или физички. Не помагаат очајните обиди во тој момент дури и да имате весла и да веслате во обратен правец. 

Или ќе најдеме пат, или ќе направиме пат!

Ханибал

Брзи и лесни одговори не постојат

Интересен е податокот а во исто време застрашувачки е да се чита колку пати интелегенцијата ја употребуваме за емоционални состојби кои не се продуктивни, наместо за таленти кои секој човек на овој или на оној начин ги има. Најголемиот дел од работите кои ги правиме е да го промениме начинот на кој се чувствуваме- да бидеме повеќе сакани, повеќе ценети, со поголема самодоверба, посреќќни.

Па, општеството често пати ни сервира брзи и лесни комерцијални одговори – ќе бидете повеќе сакани- ако сте послаби и поубави, ќе бидете повеќе ценети -ако сте побогати и поуспешни. Во книгата на Робинс, „Разбудете го џинот во себе“, тој ја истакнува погрешноста на краткорочните брзи поправки преку низа на прашања кои гласат:

Како да го објасниме фактот дека, иако помалку од 5 проценти од светското население живее во САД, САД троши повеќе од 50 проценти од светскиот кокаин? Или дека американскиот национален буџет за одбрана, чија бројка е милијарди, е еднаков на она што Американците го трошат за консумирање алкохол? Или дека секоја година 15 милиони Американци добиваат дијагноза за клиничка депресија и се издаваат рецепти за прозак (лек против депресија) во вредност од над 500 милиони долари? 

Кај нас се ретки ваквите истражувања и релевантни податоци кои се однесуваат на соодносот со бројките пример на препишани антидепресанти (според последните податоци од Завод за здравство околу 800.000 на годишно ниво) и буџетот или останати фактори кои го сочинуваат животот или она што го прави животот на еден Македонец. Па оттука ни остануваат претпоставки како еден Македонец дополнително ја зачинува својата среќа.

Вашата судбина се обликува во моменти на донесување одлуки

Сте размислиле ли што ве тера да го правите она што го правите и што ги активира токму оние емоции кои ги доживувате. Кои од нив ви помагаат да го постигнете потенцијалот а кои ви претставуваат пречка? Зошто да ве контролираат емоциите наместо вие нив? Се учи ли тоа? Исто како што го вежбате телото, вежбајте го и умот. 

Тајната на успехот е да научите како да ги користите болката и задоволството, наместо да дозволите болката и задоволството да ве користат вас. Ако го направите тоа вие управувате со вашиот живот. Ако не го направите, животот управува со вас. 

Вашата судбина се обликува во моментите на одлучување. 

Постојат многу моменти кога ќе бидете принудени да донесете одлуки и секоја одлука може да го промени правецот на движење во вашиот живот. Но, можеби оние кои се најважни за да имате чувство дека го контролирате животот наместо тој вас се следниве следниве три одлуки: 

1.Одлучете што е она на што сакате да се фокусирате.  

2. Одлучете што е она што ви значи. 

3. Одлучете што е она што треба да го направите за да дојдете до резултатите. 

Не познавам поохрабрувачки факт од неспорнaта човекова способност да си го подигне животот со свесен потфат. 

Хенри Дејвид Торо 

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *