Неприфатлив чин на цензура или забрана на профил поради ризик од насилство?!


САД – Во петокот на 8 јануари, Твитер трајно му го забрани пристапот на Доналд Трамп до оваа социјална мрежа „поради ризик од понатамошно поттикнување насилство“. Ова се случи откако Твитер претходно времено му го суспендираше профилот на Трамп на 12 часа поради “кршење на нивните правила“. За кои правила станува збор јасно не кажаа. Со одлуката на Твитер на Претседателот на САД му е оневозможено директно да им се обрати на своите 88,7 милиони следбеници.

Неприфатлив чин на цензура

По забраната за пристап од Твитер, Трамп доби суспендирање на профилите и на другите социјални мрежи како Фејсбук и Инстаграм. Трамп сè уште има пристап до официјалните профили на @WhiteHouse и @POTUS, но откако се обиде да ги искористи овие профили, сите твитови беа избришани а од Твитер најавија дека овие профили ќе имаат ограничување на употребата, како и забрана за која било трета страна која би постирала во име и за сметка на Трамп.

Платформи кои му забранија пристап на Претседателот Трамп

Неколку часа откако „Твитер“ на Трамп трајно му забрани пристап на социјалната мрежа, името и фотографијата на верификуваниот профил на францускиот пратеник Жоаким Сон-Форже, беа заменети со оние на американскиот претседател. Во еден од твитовите на „лажниот Трамп“ пишуваше „ПОМОШ“ По што следеше забрана и за профилот на Сон-Форже.

Рускиот опозиционер Навални изјави дека тој со години добивал смртни закани токму на Твитер па ништо не било преземено од страна на мрежата. Оттука тој забраната на профилот на Трамп ја нарече „неприфатлив чин не цензура“.

Скриен пат или обиколница да се врати назад

Се чини дека Трамп го најде скриениот пат назад до Твитер, отварајќи профил и маскирајќи се во извесен Chongald Xrump, специјалист за односи со јавноста на Кинеската комунистичка партија.Трамп, наводно, се обидува да го изгради профилот со твитање за тоа колку се добри логорите во Ујгур и колку е добра кинеската влада, бидејќи тие работи не се забранети според условите за користење на Твитер.

Планот изгледа е откако ќе има доволно следбеници, да ги отстрани азиските капа од ориз и лажните мустаќи и уште еднаш да започне да твита за наместените избори. Шега на страна се работи за двојни стандарди за она што е кршење на правила на Твитер или пак за вистински почеток на забрана на слобода на говор.

Така Трамп во својата објава вели: “Здраво добри господа, денес сум овде да ви кажам колку се одлични нашите логори! Многу чисти и хумани!” тој напиша. Твитот не беше обележан за поттикнување насилство или дека е, знаете, твит на комунистичка земја која уби десетици милиони свои граѓани. Всушност, луѓето кои одговорија и ја доведоа во прашање легитимноста на неговиот твит беа суспендирани за говор на омраза.

Доколку неговиот трик не успее, Трамп вели дека следно ќе се обиде да се маскира во лидер на Антифа.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *