За Македонските работи да бидат појасни!

ВМРО како континуитет непрекинат од 1893 до денес. И на најдобрите историчари и експерти им е тешко да ги објаснат контиуираните процеси на организацијата од својте почетоци до денес но еве нај скратено ќе пробам да ги опишам барем лидерите и конгресите на организацијата.

Кога се мисли на ВМРО се мисли и на континуитет на организацијата што го влече од 1893 формирана во Солун од Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Х Николов, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев и Андон Димитров. Овие шетсмина се првите идеолози на борбата за автономија па и понатака за борбата за независност на Македонија.

„А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?”

Во Солун на состанокот се решило еден од присутните, Петар Поп Арсов, да изработи проект на устав. Подоцна, кога овој Устав бил прифатен, се извршило и конституирање на новата организација. За претседател бил избран Христо Татарчев, а за секретар-касиер Даме Груев.

Организацијата брзо се проширила па дошла и потребата за свикување на првиот Конгрес кој се одржал во Солун на 27 ми август 1894 та година. Секој конгрес си имал своја тежина и свои битни одлуки за функционирањето на организацијата што биле круцијални за континуитетот на ВМРО. Организацијата има десет историски конгреси од кој на третиот Солунски Конгрес за претседател на конгресот и за претседател на ЦК бил избран Иван Гавранов а за секретар бил избран Димитар Мирчев.

Да живееш, значи да се бориш!

Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на нејзините дедовци и прадедовци

Христо Татарчев

На конгресот отсуствуваат Д.Груев, кој во тоа време бил се уште во заточение. Хр.Матов, д-р Татарчев и Пере Тошев се амнестирани, но истовремено и „екстернирани“ во Бугарија. Во Софија во тоа време се наоѓа и Г.Делчев. Но, еден од најклучните конгреси е Смилевскиот Конгрес каде се носи одлука за почеток на Илинденското востание. Како врховна револуционерна власт се избира Главен востанички штаб, задолжен да раководи со приготвувањето до востанието и дејствијата во текот на самото востание.

Во Штабот влегле Д. Груев, Борис Сарафов и А. Лозанчев. По неуспешното Илинденско востание следи Прилепскиот конгрес каде што Конгресот реши третиот проект-статут (комбинираниот) да се употреби како експеримент во округот, а двата (основни) проекти да се испратат за проучување во другите окрузи, додека изработувањето на заедничкиот статут да му се препушти на идниот општ конгрес.

Изработен беше исто така и правилник за четите се до Рилскиот конгрес каде што се избира нов централен комитет, Даме Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов претседател на конгресот на тајно гласање бил избран Даме Груев, и се носи одлука организацијата да се децентрализира. Во 1908 година во село Жабокрт на конгрес организацијата бира нов централен комитет во состав: Павел Христов, Ефрем Чучков и Петко Пенчев.

По Балканските војни

По Балканските војни и Првата Светска војна, Организацијата ја обновува Тодор Александров и од тогаш организацијата го добива името ВМРО. Во централниот комитет влегуваат и Александар Протогеров и Петар Чаулев. По убиството на Тодор Александров се одржува конгрес на ВМРО во село Србиново во 1927 година каде што бил даден политички отчет на Централниот комитет и Задграничното претставништво од 1908 до 1925 година, т.е. за 17 години откако не бил одржан конгресот. Него го подготвуваат Г.Баждаров и В.Василев а го поднел Георги Баждаров.

“Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде”

Јордан Пиперката

К.Прличев го прочитал подготвениот боев отчет од него, а А.Протогеров дал финансиски отчет. Извештајот за убиството на Т.Александров го прочитал Н.Томалевски, и на овој конгрес е извадена прв пат паролата – Со сите средства за борба за независна Македонија. После кратките дискусии отчетите биле прифатени.Новиот ЦК бил сотавен од Иван Михајлов,Георги Поп Христов,Александар Протогеров.

Последниот историски конгрес

Последниот историски конгрес на ВМРО е во 1932 година во село Трсково каде што била склучена спогодба за соработување со хрватското и албанското националноослободително движење за заеднички дејствија против големосрбската освојувачка и асимилаторска политика . Во новиот ЦК влегле Иван Михајлов, Владимир Куртев и Георги Настев.

Се до 17 јуни во Дом на млади „25 Мај“ во Скопје каде што е формирана партијата ВМРО ДПМНЕ во Независна Република Македонија како единствен континуиран наследник на историското ВМРО за Претседател е избран Љубчо Ѓоргиевски а за Секретар Борис Змејковски останатото веќе е попознато и е модерна историја.

Иван Хаџи-Николов

Сакам да кажам со постов дека ВМРО секогаш опстанувало и опстанува само ги менува и прилагодува начините и методите на борбата. Така да за да го продолжиме аманетот, борбата и континуитетот потребни ни се промени бар прво во самите нас до конечна победа Обединета Независна Македонија ⚫🔴⚫🔴

За Многу години празникот Македонци 🇲🇰

Статијата е напишана од Петар Миоски.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *