Во пакт со ѓаволот!

Општо позната е онаа, како ќе дојдеш на власт, така и ќе владееш. Кога уцените ќе бидат алатка за да се доџапаш до власта, истите тие ќе ти бидат и алатка за да ја завршиш. Затоа што безидејноста е втемелена во тимот кој на јуриш и ја претставија на јавноста таканаречената вистина за Македонија.

А што дозна народот од таа нивна вистина? Дека Горде имала тефтерчиња со судии? Имаат и они! Дека ќе дознаеме нешто повеќе за крвавата судбина на децата кои настрадаа кај Смилковско езеро?

Два изборни циклуси се манипулираше со тоа прашање за на крај како врв на таа ментална и монструозна хипокризија да дојдеме до потпис и печат од нивниот избор Фатиме Фетаи дека еднаш осудените а потоа ослободени извршители на тој грозоморен чин не заслужуваат ништо помалку од доживотна затворска казна. Само што овој крвав акт над жртвите беше продолжен и проширен со помпезни и празни дувања која јавноста ја стави во исчекување и бунило.

Уште колку пати децата на родителите кои ги загубија своите најмили беа убиени, во име на безидејноста и додворувањето кон електоратот кој беше желен за вистина и правда?

Срамот не го видовме на лицата на оние кои не замајуваа и не тормозеа со години!

Крвавиот Четврток ни трае и ден денес а во самото обвинение и предлог од Обвинителството нема ниту една разлика од онаа претходната. Како капак на се и воведување на психоза и амбиент на летаргија и општа неволност кај луѓето, духот се кршеше со циркузантскиот однос кон Пандемијата со Ковид 19. За Никола Младенов ништо ново, за Диво Насеље исто. Освен што и таму се ровари за некој нов судски процес и ново чепкање по раните на жртвите.

Јавноста знае и виде! Осомничените терористи таму, во Диво Насеље беа фатени живи со униформи, со оружје и непобитни докази. Оние кои чепкаа по раните на родителите на децата кај Смилковско сега истото го прават и со жртвите и со роднините на загинатите кај загинатите кај Диво Насеље. Тоа е роџаци! Го фативте орото со ѓаволот и сега мора да го играте до крај. Како и да го одиграте, цехот на крај ќе ви биде скап. Или од оние со кои шурувавте за да дојдете на власт или од оние по чии гробови и домови сеуште сквернавите.

Наместо Вистина за Македонија видовме срам за Македонија!

Видовме власт која со брусалки удри по националниот симбол на народ кој широко го прифаќа за свој. Не бевте внимателни со нивните чувства како што тоа го можете со вашите тимски партнери . Ни ја забранивте црквата, верата, името, а на голема врата ни ги протнувате истополовите бракови, операциите за промена на полот на државна сметка и државна грижа за овие ваши целни групи. Во времето на ,,режимот” имаше компјутер за секое дете! Денес во време на вашата фиктивна демократија има лубрикант за секој буљаш или буљашка. Врвот на вашиот циркуз го завршивте во Вевчани со карневалот кога со специјални полициски сили го растуривте народот по своите домови, само 2 недели после вашата партиска прослава во Штип за победата на локалните.

Избори без опозиција!

Што ли ќе беше такви избори да организира претходната власт во време на ,,режимот ” Светот почнува да се вакцинира за Ковид а нашиот најнеспособен министер за Здравство трча по светот и моли за милостина. Како сиротиња пред излог кој нема скршена пара во џебот и само разгледува. Братска Бугарија не извиси, братска Србија исто така. Браќата и нашите ортаци од НАТО исто така . Кинези се слушаме? Дајте малку тоа вашето мени и ценовникот да го ѕирнеме чунки и ова лето ќе останеме позади нашите граници . Впрочем и онаму каде што моментално заслужуваме.

Далеку од сиот нормален свет. А народот во Македонија го живее својот лимбо период!

Кога лагите и маските на големите демократи кои почнаа да цензурираат новинари, фб страни и во паника секојдневно влегуваат од грешка во грешка, го чекаат само денот кога оние што се фатија на оро со ѓаволот, ќе мора да ја платат сметката. Обидите за цензура и замолчување се последните панични обиди на трговците кои се живо ставија на вага и продажба . Македонија? Наша мајка а ние нејзини чеда кои сега се во рацете на фарисеите и лажните проповедници. Уживајте во овој хорор филм и догледајте го до крај за наредниот пат да се запрашате, дали со бојкот на избори ќе биде победено ова чудовиште кое и понатаму не јаде!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *