Вардар го преживеа Нексе и ќе игра на Ф4 во СЕХА!

Вардар ја преживеа драмата со Нексе и ќе игра на Ф4-турнирот во СЕХА. Најтрофејниот клуб во регионалното натпреварување загуби од хрватскиот тим (25-26), но поради победата во Нашице од еден гол и повеќе постигнати погодоци, дојде до позиција да игра за титулата.

„Црвено-црните“ очекуваа на домашен терен далеку полесно да ја одбранат предноста од еден гол која ја стекнаа во Нашице, меѓутоа, ја загубија главата и едвај дојдоа до позиција да ја бранат ланската титула која ја освоија во Брест. Ристовски беше најдобар кога беше најпотребно, а мора да се апострофира и настапот на полскиот пивот Патрик Валчак кој изнуди пенал и стрелаше во последните две минути. За македoнскиот првак ова ќе биде деветто учество по ред на завршните турнири во регионалното натпреварување.

Прочитај повеќе на:https://www.gol.mk/rakomet/vardar-ludo-go-prezhivea-nekse-i-kje-igra-na-f4-vo-seha

Веста е објавена на 29.08.2020 на Gol.mk

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *