Легендарните Санаториум со нова песна „Параноја“

Врти светот околу мене
Изгрева сонце, во душа мрак
Сенки ме гонат, бегам сам
Сите против мене? …ДА ДА ДА!!! 

Ова се стиховите со кои започнува новата песна со наслов „Параноја“ од македонскиот култен бенд Санаториум.

Се чини дека „камбекот“ или враќањето на сцена, се случува во вистински момент и на задоволство на нивните фанови и публика. А фановите не се разочарни од моќта која струи низ оваа брза и енергична песна. Композиција „Параноја“ е во целост авторско дело на членовите на бендот: Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и eкс- гитаристот Константин Качев.

Повеќе за видео продукцијата и за детали околу композицијата можете да погледнете на официјалната веб страница на https://sanatorium.com.mk/

Во продолжение погледнете го видеото:

Заробени души мене ме следат
Секој чекор злоба и страв
Омраза, сомнеж, врзан во мрежа
…вистина гледам? …НЕ НЕ НЕ!!!
Валкана игра, приказна стара
Бегам без трага последен пат

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *