Предизборна недела на мени!

Уште еден понеделник. Дошол крај на месец, а богами сфаќам дека дошло и лето. Додека се тегнам и се мислам кој крај да го фатам, си викам сам на себе: Дај,бе, Булеварко..опушти се….нема што да се секираш границите ги отворија.

Сега додуша за влез само али ние од увек сме биле познати по македонската гостопримливост – секој може да ти влезе дома, е сега ти кога ќе треба да одиш на гости у „Ѓерманија“ пример, малку подруго..обично не се дома они…ама ќе почекаш у чекална со другите од твој ранг на „државиче“ како што ја вика Димитров.

Ако бе, сигурно би било занимливо да сретнеш ликови од Замбија, Мозамбик и Бутан. Па кога ќе фатиш да објаснуваш за името на твојата држава и дека не, не сме ние ко Северна и Јужна Кореја па тебе ти се паднало да бидеш у Северна, па како, па што прават тие другите у Јужна, таман ќе поминат 14 дена од задолжителен само за нас карантин пред влез у ЕУ.

Кога опп, читам и на тој ранг не сме биле ние. Они уствари смееле да влезат ние не! Ја прегледувам листата на држави на кои им е дозволен влез и наидувам на имиња како Палау, МјанМар, Гвајана, Света Луција. Си реков гарант грешка превод на државиве али ете испадна постоеле и имаат право да влезат.

Ама, не е се така црно. Она што е битно е дека ние тука сме безбедни и дека одлуката за отворање на границите, да дојдат сите кај нас, не е политичка туку е донесена врз основа на добрите резултати постигнати со секс координација меѓу засегнатите страни, како што изјави Нина Груперка. Е сеа, ко у секој групњак обично ќе се најде некој да се пофали. Ти им викаш немој да сте кажувале на никој за дружбава и договоров, сите климаат у знак на потврда. Зибери не додржа и се пофали. И го јадеше….е ќе го јаде…

Како и да е, се решив -станувам, пуштам музиче за расположение, додека си правам кафе и палам цигарче.

Мачево мое мрчи за димот и идел у очи и штетноста на цигарите. Размислувам ….Пушењето убива -можда да, али за најголемиот дел од народ статистички е докажано дека почесто Пушењето вработува од што убива! Али не се расправам! Климам у знак на потврда!

Сфаќам дека сум гладен. Ми се јаде четврт бурече ама некако клише ми е и срам ме фаќа вака пред избори да тркнам до пекара. Ќе си речат луѓе Булеварко види го платен да прави кампања-и тогаш и сега, оди по пекари и купува буреци…

Некогаш….Нинче 1 и Нинче 2….Едно време…у Македонија…..Предизборна кампања-Купувај Домашно-Бурек али четврт!

Сега…Нинче 3…..Оваа недела…за некои у Северна Македонија за други у Македонија…Предизборна кампања..Купувај домашно-Бурек али осминка!

Се предомислив, ќе намачкам некоја паштета на леб. Боље тоа, отколку да ме зборат луѓе дека пропагирам купување и јадење буреци у кризно време а и само што ја тргнав завесава од прозор: од што Блескаме очи болат, не се излага надвор.

Пуштам ТВ. Се редат предизборни кампањи, спотови…се нешто ми звучи познато, се нешто ликовите ми изгледаат познато..од целата една недела на предизборна кампања, сфатив две работи. Првата е: чоекот чиј телефонски број треба да го набавам за не дај боже у животот е уствари бројот на Кичеец. Битно е да се снајдеш во животот…од увек сум ги поштувал пријателствата.

Втората: се размислувам додека е време да набавам бела чарапа, да не се туркам после. Се си мислам дека ако дојде Насер Зибери за премиер ќе воведе протоколи за задолжително носење на бела чарапа у сите случаи за ефикасно држење дистанца.

Чувајте се и маската преку нос!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *