Понеделнички муабет со Булеварко!

Си седам јас со мачето лабаво по дома, недела попладне, чекам бојлер вода да ми загрее. Недела се бањам, стандард. Гледаме нешто на ТВ и оооп црн екран, протестираат телекомите. Еден саат. Си викам „у..п..м.., шо направиме, шо ги разлутивме па против нас протестираат вака со црн екран у ова корона доба?“ Мачево ми вика: не, бе, не си разбрал..ништо лично, против нас, они против власта протестираат“ Ми олесна, какви се они фер, штом ние не сме кабает, гарант сметката ќе ни ја намалат за 20%-30%. 

Си викам тогаш ова знак е некој, ко коронова што мораше да дојде за да се свртиме по дома и кон себеспознание, ова друга шанса ни е, да промуабетиме за неделава шо помина. 

Понеделник

Станувам ја претходниот понеделникот, и си викам осеќам дека оваа недела ќе биде добра недела. Размислувам нешто, толку години пишувам и многу викаат еее, си се скрил под тоа капата…дај да видиме кој е Булеварко?!

Решив…Дај да ставам една слика од мене-по дома како сме си релаксирани…што има веза….На мачево и давам упатства додека слика -„Фати ги и позади зградите на Џевахир, не само мене….знаат луѓе дека сум од Ново Лисиче. И еве ме, дома си е дома:

Е сеа знам дека има многу хејтери, па ќе речат ова не си ти..Нема шанси, вакво торзо..ама па за тоа се хејтери…сите ние другите знаеме дека дома си е дома, и дека ова сум ја, Булеварко у стриктно раскомотена варијанта, пред да пишам прв утрински статус на Приказни!

По некое време мачево возбудена ми вика: „Булеварко, срце, ај дојди да провериме да не сме добиле ваучер за домашен туризам, да идеме на одмор у Дојран, летово”. Отворам сајтот гледам платформа со езерце -викам: иии, супер, каков Дојран, еве ваму ќе идеме, на Матка..на платформа, ја риба ќе ловам, ти сончај се!

Некои од тие хејтерите викаат ова Германија било-што има везе кај е, природа, и плус за кај ти даваат ваучер таму ќе идеш. Разочарување на денот -проверувам -не нема на листа на добитници. Мачево, нервозна..вика: ај стани, сигурно си утнал некоја бројка при внесување…дај ја да видам….Пишуе, пишуе..ништо… Е јебига, Живот, или по ново -Теовел е менге, буте бершенге.

Само Вторник

Чепкам по тоа Интернетот, гледам повик на Нина Групер, повторен -Кој може да донира во успешната борба против корона….ми падна некако жал за девојчево, викам дај да видам шо можам да напраам. Џебовите празни..платата одамна ја спичкав 18-19 сме више од месецот….ми текна..ќе се јавам на мачето мое..она е од многу угледна фамилија и е исто од рангот на Нина Групер по имот -300.000 илјади евра, е сеа за разлика од Нина, мојава има 2 канцеларии ама не се така мали, ко тие на Нина шо биле…али,небитно…

Се јавувам, мачево вика: „ ме знаеш мене, колку сум добра по душа и дека желбата да донирам за нашата татковина ми е исто толку голема ко на нашите у Аустралиа, али све ми е тоа крупно у банка. Сеа по банки, не ми се иде, вирус е, дома треба да се седи. Дај види у касичката што сме заштедиле заедно, земи, донирај!“

By the way, ја и мачево, сме многу искулирани типови, башка она и од угледна фамилија и не сакаме ко сите шо имаат каса-прасе…Еве ја нашава, чисто да ја видите!

Буричкам по касичкава со заедничка сметка и вадам 1 денар. Е јебига, пак…Живот! 1 ДЕНАР 1 ДЕНАР, Волјата да се помогне е битна, намерата, а и секој денaр е битен. Ја донирав целата наша заштеда!

Останатиот дел од неделата

Скролам, нагоре-надолу по Фејбукот! Мачево повторно узбуџена улетуа или ко шо би рекол ја -да ја бев у кадар- улетува ко Грујо у маџарски суд, а ја раскомотен ко Катица у суд, по гаќи и ми вика: „Слушај сеа, доста џаболебари, земи телефонот и иди на профил на НЛБ Банка и пиши у коментар: „Ја сакам НЛБ“ и ја исто ќе напраам – 300 евра даваат. После тоа иди на Стопанска на профил и они даваат 300 евра- таму пиши: „Ја сакам Стопанска“. Па на Сител на профил, (уште 300 евра) и на крај на Топ Шоп на профил-таму коментар пиши: „Цена?“ Сакам едно тенџере да добијам…И немој да си утнал, што кај да пишеш со коментарите!

Си мислам ….Значи ферчини..ова само кај нас го има-Банки пари да ти даваат, абе домасиедома!

Викенд

Многу сакав викенди на времето….сеа петокот е новиот понеделник, али оваа недела нема карантин…помина пикот, сеа само 183 заболени на ден, па може кластери да праиме! А и онака мачево шо вика: „Ај уозбили се, размисли малку Корона Не Постои, знаеш дека се е од 5 џито“.

Филмови више не глеам , се е тоа предвидливо-го знам крајот уште кога ќе почне филмот. Многу позанимлива ми е креативната Теовел Обиџуко продукција….Сабота вечер, се истегаме со мачево по креветиве и она вика ми се глеа некој science-fiction….Иам топ филмче, го пуштаме:

Недела вечер -Завршница

И ооп црниот екран живнува. Не дека гледаме ТВ, али зошто да биде црн? Не плаќаме за црн! Цел саат не сум отворил Фејбук и гледам ново движење и нова борба започнала у меѓувреме у Македонија на најпогодените -блеклајфсметер. Отворам -гледам: нова категорија Обиџуко Расизам. И викам на мачево: „Немој да му смееш више на Оли за Теовел Обиџуко, он бил црнец, ние не сме знаеле- секој шо ќе се насмее на Оли за Теовел Обиџуко од денес ќе биде сметан за расист“. Мачево послушно ми вика: „Булеварко, Етникумија Респектаја“.

До некоја следна недела и идни понеделнички муабети- се одјавувам со поздрав Јеке Jеке!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *