Ќе каже ли некој дека нешто во оваа држава не штима?!

Ќе каже ли сега некој конечно дека нешто во оваа држава не штима? Дали видовте до каде не доведоа политиканството и партизираната држава? Наместо да биде државата сервис на своите граѓани, ова е држава сервис на своето гласачко стадо.

Па прогледувавме низ прсти на литии, ифтари, собиранки, протести на улици и мешање на градоначалник во работа на полицијата зошто нели, избори се ближат. Па гледавме како за некои карантинот е 6 дена за некои 14.

И во секое поле, ставајќи ги рацете на очи да не ги видиме реалните проблеми со години се импровизира наместо да се реализира.

Ние Сме Копија на Систем!

Словенија прогласи крај на епидемијата ние нови 100 болни и 7 умрени. Словенија некад ја тепавме 4:1 фудбал, ама тие стасаа да играат светски и европски првенства, не ние.

Имаме систем кој делува на нас како Ураниум. Не ништи стихијно 3 децении. Имаме систем во кој имаме министри за опслужување на гласачи на СДСМ, ВМРО , ДУИ, БЕСА, АЛИЈАНСА. Ние сме копија на систем со племенски водачи како оние најутепаните од Африка ама и тие се поорганизирани од нас. Партизација , бирократија.

Се гледаме во очи секој ден а немаме доблест да си кажеме тоа што треба да си го кажеме. Вака веќе не иде роѓаци.

Кој сака да остане да живее овде, (не е добар со паметот) треба со молотови да го демонтира овој систем кој е лош за нашите животи. И пошто немаме капацитет ние како народ го заслужуваме најлошото.

Ова е Производ на Оправдана Недоверба

Тотален банкрот, колапс и социјална беда, можеби тоа ќе го покрене овој народ да си го среди дворот. Овде веќе ни едни избори не го оправаат овој систем каде секоја партија има своја територија за експлоатација на ресурси а народот во глобала умира или живее во сиромаштија.

Не е крив ни Венко ни Наќе. Што ќе направат тие со 3 месеци управување во разорани институции? Дали нешто Венко ве излажа околу болеста? Дали Наќе требаше да апси по Ифтари и Литии и да влеземе во граѓански нереди?

Се е ова производ на оправданата недовербата кон институциите.

Што нас не прави поразлични од другите?

Да ја земеме за пример Германија. Ригорозниот систем на тестирање на Германија доби позитивни критики и пофалби од целиот свет. Со население од околу 83 милиони, земјата спроведуваше до 1(еден) милион дијагностички тестови за Ковид 19 на ден.

Она што е важно се граѓаните во Германија кои ако ги прашате велат: “Ние му веруваме на нашиот здравствен систем. Па, ако не се чувствувам добро и докторот ми каже да останам дома, јас тоа и ќе го направам“.

Кој од нас може да го каже истото за нашите институции и системи? Кој од нас има доверба во здравствениот систем? Судот? Правдата? Нас ни треба целосен ветинг и ремонт во секое поле. Од Суд, Обвинителство па надоле. До портир!

Да се постават луѓе без криминално минато и конечно да почне да има ОДГОВОРНОСТ за тој што ќе згреши. Тоа кај нас одамна е мртва категорија. Одговорност нема за никој и за ништо. Тоа е голема повреда за суетата на нашите ,,лидери” и доказ дека оваа држава не штима!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *