МЗТ Скопје останува во АБА2 Лигата

Собранието на АБА лигата, кое се одржа на 16 јули 2020 година преку ЗООМ видео-врска, донесе одлука, дека во моментов, од суштинско значење е да се фокусира целата енергија на организација на сезоната 2020/21, односно имајќи ја предвид специфичната состојба предизвикана од пандемијата COVID-19, неодложно е воведување на протоколи и прилагодувања кон целокупната состојба.

Оваа организација како и другите спортски организации се соочува со голем број предизвици.

Сезоната 2020/21 во АБА Лигата ќе започне на 19 септември 2020 година. Редовната сезона ќе се одржи до 28 март 2021 година, додека почетокот на Плеј-офот е закажан за 4 април 2021 година.

После неколку часови конструктивна дискусија, АБА-лигата и нејзините клубови заклучија дека е неизбежно да се донесе платформа и серија протоколи, што преку редовни контакти со државите и здравствените власти ќе овозможи непречен почеток на Сезона 2020/21 година.

Покрај екипата на Работнички во АБА 2 Лигата оваа сезона и официјално ќе игра македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром. Како што е познато АБА2 лигата е втора по квалитет кога се работи за регионалната кошаркарска игра.

За жал надежите на МЗТ да влезат во прволигашка конкуренција не се остварија, што значи дека екипата на МЗТ останува второлигаш. Вчера на одржаното собрание на АБА лигата беше направен распоред за претстојната сезона и беа извлечени двојките за првото коло. Целиот распоред можете да го погледнете ОВДЕ.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *