Уште една година договор за Феми Олуџоби во МЗТ

Американецот Феми Олуџоби (206 см) според извори од МЗТ потпиша нов едногодишен договор, при што постои можност самиот договор да биде продолжен за уште една сезона.

Американецот кој игра крило центар во МЗТ Аеродром во Македонија дојде во февруари годинава 2020 и иако немаше многу можност за игра поради пандемијата сепак покажа достоен квалитет според МЗТ за да биде дел од нивниот тим.

Во текот на ангажманот Олуџоби настапи на три средби во АБА2-лигата како и на два меча во Првата лига. Феми Олуџоби освен во американската НЦАА лига каде играат универзитети и колеџи, пред да дојде во МЗТ, играл и за дресот на литванската екипа Лиеткабелис.

По обновата на договорите со капитенот Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко, Олуџоби е седми сигурен кошаркар во тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов за новата сезона. Освен наведените тројца ангажирани се Филип Бакоч и Адем Мекиќ, а Андреј Магдевски и Бојан Крстевски се со договорни обврски во тек односно од минатата сезона.

извор/mztskopjeaerodrom.mk

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *