Македонски поделби и раскол

Дали е можно во нашата Македонија човек да прдне или да се помоча а да не добие партиска или друга етикета по начинот на кој прднал или се помочал?
Јас мислам дека тоа е во доменот на невозможното. Кај нас делби и етикети фрштат како ,,Добар ден“. Отсекогаш ги имало, ги има и ќе ги има. А ми се чини дека најдобро ќе биде да се подели на луѓе и нелуѓе.

Ете повторно и денес Македонија како што кажа Османи „е уникатен пример во светот, кој во тек на пандемија нема функционален парламент по ничија вина“. Ние стално нешто блескаме и сме уникатни.

Единствени сме и уникатни и по тоа што постојано некој од надвор мора да не искара, па така вчера еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на својот официјален твитер профил напиша дека разговарал со лидерите на нашите две најголеми партии за да им каже колку е важно да се има избори. Чунки ние не знаевме.

Ние сме уникатни и по тоа што правиме муабет за избори, за суверена, европска држава во која не знаеме ниту точно колку луѓе живеат. Ама се друго знаеме. Само да се преброиме не знаеме.

„Во време на пандемија, на сите ни е јасно колку се битни бројките и статистиката. Не само за медицина и здравство туку и за економија, образование, земјоделие, трговија, наука и секој останат темел на една модерна држава“. 

Конзерватив.мк

Не поделија на багра обоена со црвен или син маркер

Делбите кај Македонецот почнаа уште од почетокот на Македонија како независна  држава. Денес во Македонија ако плукаш по ВМРО автоматски си симпатизер на Фидел Кастро, Сталин, Тито. Ако го почититуваш Тодор Александров, тогаш си Бугар или продолжена рака на врховистите. Ако си комуњар, по дифолт не ти лежат патриотските песни у кафана. Или па ич не ги ни бараш,  иако тие се наши. Македонски.

Они кога прават коалиции со тие другите тогаш етикети не важат, освен за тие другите. Освен за нас, обичните.


Се поделивме на багра обоена со црвен или син маркер по улиците. Ги пополнувавме улиците заради политички а не национални идеологии. Никогаш не излеговме за да се спротиставиме на газењето на Македонија.

Кој е Крив?

А ни сменија име, ни сменија знаме, ни ги ограбија фабриките, ни го сменија уставот, јазикот не ни го признаваат. А сите тие се во власта!
Но ние и понатаму водиме дневна политика. Кој за што бил крив. Тоа го прават оние кој во сите овие години не нацртаа една црвена линија позади која нема да одстапат ни еден чекор назад и едните и  другите.

И додека чекор по чекор ни ја одкраднаа земјата од нашите раце, бидејќи ние бевме зафатени со водење дневна политика, ни преостанува онака траги-комично и саркастично да се лупнеме у гради демек сме потомци на Александар.

Кој е Предавник а Кој е Патриот?

Ние, Македонците во меѓувреме се обвинуваме кој е предавник а кој патриот. Тоа сме сите ние. Ние сме тие кои ги наградивме убијците и крвниците, а нашите синови бранители ги испративме да гнијат по занданите и да се срамат да кажат дека некогаш биле учесници во воен конфликт за својата земја. Ние сме тие кои ги наградуваме предавниците на нашето име и идентитет.

Тоа сме сите ние. Глобално. Во едно вакво заматено кралство главни актери и главни играчи се дудлачите и куропушачите. Тоа се оние кои за бедна позиција сите овие години не третираат како да боледуваме од колективно лудило и амнезија и не трујат со ефтини прикаски.


Во меѓувреме, Македонија сите колективно ќе ја испратиме во клиничка соба. Таа е клинички мртва, а вината за тоа ја имаме сите до еден. Подеднакво! Ликовите на нашите великани ќе бидат далечни за нашите очи. Нивните ликови ќе бидат срам за нашите очи затоа што тие не задолжија со свет аманет. Аманет кои ние по се изгледа нема да го предадеме на идните генерации.

И пак тажен крај на се. Нелуѓето се на цена над луѓето. Се додека луѓето не ја збришат од овде и ги остават нелуѓето, да пропаднат во ниските човечки односи на зајадливост, ситен интерес, местенки и кодошлоци. 

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *