За љубов на играта: Со кранови до поглед и поддршка на својот тим

Ништо не може да ги спречи најпосветените спортски фанови да ја поддржат својата сакана екипа во кој било спорт.

Па така, во Полска, верни навивачи кои не можеа да ја следат моторциклистичката трка на своите фаворити поради состојбата и ограничувањата на натпреварите наметнати од вирусот корона, ги поддржаа своите екипи надвор од патеката. Натпреварот го следеа искачени на 21 кран кои ги изнајмиле само за да го проследат натпреварот.

Мотор Лублин и ГКМ Грузиаз се сретнаа како дел од „Спидвеј Екстра лига“, која е највисоката лига на моторциклистички трки вчера вечер во Лублин, на југоистокот од Полска. Додека на ограничен број на фанови им беше дозволено да ја следат трката заради епидемијата на вирусот корона во земјата, навивачите на „Мотор Лублин“ на кои не им беше дозволено присуство на трибините, применија интересен метод.

Навивачите на Лублин ги поддржаа своите екипи надвор од патеката со помош на 21 кран. Поддршката на навивачите секако имаше удел и во победата. Домаќинот Мотор Лублин го совлада гостинскиот тим и не ги разочара своите фанови.

Оваа пракса исто така ја примени и друг фан на фудбалот и ја подржа екипата на Śląsk Wrocław во Полска. Овој навивач сам изнајми кран на 90 минути за времетраење на фудбалскиот натпревар.

Во знак на благодарност тимот го покани својот верен навивач да го проследи натпреварот со друг тим сам на стадионот за 45 илјади луѓе.

Оваа пракса не е нова. Во 2018 Али Демиркаја, фудбалски навивач во Турција, на кој му бил забранет влез на стадионот „Денизли Ататурк“ од неодредени причини, не можејќи да се помири со таа забрана и да не биде дел од настанот во живо дошол на идеја да изнајми кран.

Од високо, навивачот на Денизлиспор го гледал неговиот тим како го совладува Газиантеспор со 5: 0. Тој дури и ја предводел толпата во скандирање иако претходно бил принуден да потпише изјава во полиција дека нема да оди на стадионот. Но како што изјавува тој веднаш по тоа дошол на идеја како да го следи натпреварот а сепак да не ја прекрши забраната.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *