Езеро Треска! Ласта за последен пат!

Остана празен базен и суво корито. Околината само да знае да збори. Кој се нема затрчано од бетонот на езерце Треска и не напраил едно ќупче од чие прксање се прави виножито, не е од Скопје.

Кој не го изголтал муљот од Вардар ќе биде голтан од животот. Уплашен од живот, уплашен од секоја наредна кривина. На старите скопјани-курајбери, прва кривина у живот увек им беше езерцето Треска. Пиљари, вулканизери, пазарџии, пазарџики, ку*вештии,риболовци,голубари…сите тие го правеа обединетото скопско царство на перферијата на Скопје. Од шиптар до каур, „свите до један“ беа едно племе, кога ќе се наредеа на бетонот и чекаа ред за да се џитнат у вода….

Ласта е у питање!

Кога стотици моди се сливаа у една, грмотевиците од реонот на Матка предупредуваа дека надоаѓа дожд. А додека да дојде дождот, следи уште едно затрчување, висок одраз, два ударци од груди и ласта на груди. Со фармерки Ликупер,крив р’бет и бела тесна маица, со бели жичани свиткани папучи и петици со кал. Салви од аплаузи и овации ко на стадион да паднал гол. А не е гол. Ласта е у питање. Скокачот додека се исуши, од зелена опел калибра со гумите со кал ечи некој хит чии зборови не може да се препознаат.

По околните бунгалови, старите госпоѓи со големи кукови, чии фаци се распаѓаат од евтините кармини, сецкаат марули, крастајци, патлиџани и вадат некое калапче сирење. Бостанот се лади у вода, кој на време го обрал, а на паркингот у меѓувреме доаѓаат нови гости. Форд транзит со завеси од каде се истовараат 35 гладни капачи кои не чекаат многу за да се џитнат у вода, испуштајќи некој праисторски крик.

Кој нема школо, тука ќе го купи, без пари и без кабает!

Ова е Скопје, мајку ви еб*м, кој го исуши езерото Треска, да бог да му се исушат сите екстремитети на телото, аа…. Главниот чауш продава сокчиња Ју-Пи, со сламен шешир на глаата и бели купаќи СПИДО, излитени кај ташаците. Дебелата му жена носи кофи со мраз а шишенцата се шиткаат ко алва, три за сто… Од страна дремат два тројца пропаднати браќа со некои стари армиски тетоважи на рацете и со по 4 кутии цигари у џебојте.

По околните сенки се маа брич со порнографски карти а продавачот на шекерна вуна им дава попуст на децата со јебозовни мајки. Кој нема школо, тука ќе го купи, без пари и без кабает… На преполниот паркинг навален автобус, број 2, се обидува да сврти и да се врати накај Скопје но не може од стотиците коли оставени отклучени, со кључеви у контакт брава. Форд Шкорпио, Голфој, Опел Калибри и по некој рѓосан калаш у гепек, забораен од некоја свадба. Од Сарај, Грчец и Кондово, преку Ѓорче, Карпош и Центар, па се до Драчево, Зелениково, Топаана и Топанско, у недела по пладне, народ се бања у тињосаната вода.

Да можат само да зборат тие камп приколки!

Да можат само да зборат тие камп приколки што еб*ње има паднато таму, што куртони се имаат истрошено и што гаќи се фрлени по тоа трските. Не климатизирано, по цел ден на сонце, 65 степена у приколка а натре грчи некој пијан препродавач од ауто пазар. Го стигнал заморот и не успеал да се џитоса у езерцето но успеал да џитоса некоја ракија у желудник. Жена му, Господ знае кај се ака и еб*ва.

На крајот од капењето идат и оние со тракторите и со моторчињата за вадење вода. Моторчето брмчи и тегне вода од езерцето за да се навадат околните ниви( безпари). Како му ја вадат водата, така му ја вадат и душата. На крај останува каллив бетон со тиња и секакво ѓубре расфрлано на дното. Реки од народ се упатуваат кон паркингот, за последен пат.

Од езерцето ни трага ни глас. Ова е тажна песна која црнците ја викаат БЛУЗ,за последниот гратски људски микс, за последната ласта и последното гузење у ВЦ, додека сите дремат и се сунчаат на полските кревети. Кој гузел знае. Ќе го свати овој последен ред од ова гомно од текст, а кој не гузел, нека знае….Се гузело на велико!!!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *