Каде заминавте, другарчиња мои?

Текстот е дел од архивата на Приказни од Булеварот

Седам у една прчвара и локам некој лут пијалок. Две маси лево и десно од мене, нема ќоро пиле. Конобарката чисти чаши а коктел мајсторот жонглира со флашите и чашите. Користи некои странцизми у спиката, демек ги научил тоа форите шанкерски некаде далеку од родната вукојебина.

За кој кур ни се намалуваат друштвата? Каде се луѓето од градот? Екипите на пијандури и шетачи низ градов се разретчени као сириска пешадија која јуриша на Дамаск. Скопје се празни као Чернобил после хаваријата, а забот на времето ги гриза старите градби во старите маала.

Некои нови видови на мангуплуци, некои нови куртизани ги газат улиците скопски. Барем привремено. Додека и тие не извадат иселеничка и фатат некаде џаде преку океан. Као птици преселници. Само што овие преселници нема никад да се вратат на топлиот југ.

У мое маало некад бевме 20-30 другари. Игравме фудбал, правевме седенки, заедно гледавме и навивавме кога игра Македонија, правевме домашни забави и ги собиравме сите жени од градов.

Изгубена Генерација

Денес екипата е „мртва“. Најголем дел од нив веќе имаат деца по светов кои не го разбираат нашиов јазик. Ќе дојдат тука преку лето, ќе скршат некој носталгичен муабет и толку. Имаат заборавено дури и ракија да пијат. Е ова е приказната од стотиците маала низ градов Скопје а и низ другите градови и помали места у државава.

Во секое маало фалат по 15-20 луѓе, кои се некаде далеку од својот роден крај. Сликите од детството се сведоштво на една изгубена генерација, која се раштрка по белиот свет, ко да сме имале десетгодишна граѓанска војна. Ние таква војна сме немале, али ефектите по нашиов народ се исти. Мамата у пичка да ви ја ебам на вас моќниците и буржоазијата, што го прогони моето друштво далеку по светот.

Живот на Кредит

Моите стари другари се паметни деца. Растени се на улица со сите мангупски школи. Е тие мангупи, не прифаќаат да рмбаат за 150 евра, дипломата да им биде деградирана од курождери и курождерки. Не сакаат својата мизерна плата да ја чекаат со месеци и у своја зрела возраст да бараат и молат од мама и тато.

Тие мангупи не сакаат залудно да го трошат својот потенцијал у место кое што не сака да вложува во младината. Тие мангупи, навреме сконтале дека со платата у Македонија, ти требаат најмалку два живота рмбање за да купиш свој дом.

Живот на кредит, за 10 дена во месецот. Работа за ситнеж каде на својот скржав газда не смееш да му побараш ниту слободен ден!

Тие мангупи не сакаат да го проебат својот живот во општество каде што не се цени трудот, честа и моралот. Веројатно тука лежи одговорот, зашто околу 80 000 млади луѓе, ја напуштиле Македонија во 2015 година а уште 100 000 во 2016.Точен податок, колку луѓе се иселиле од државата нема, оти државата не ја занима тоа оти така политиката нема да може да калкулира и злоупотребува. Како и да е, муабетот е дека во изминатите дваесетина години Македонија ја напуштиле помеѓу 450 и 600 илјади луѓе.

Каде се Младите?

Џабе продавање приказни и џабе распуцавања на леви и десни! Ние не сме ништо поразлични од оние мигранти кои сакаат да му ја здувнат накај Европа. Разделените семејства, разделените друштва ќе фатат пат на сите 4 страни од светот, додека тука кај нас, народот старее. По улици, по банки и продавници се повеќе стари фаци.

Во текстов сакам и да го спомнам другар ми Тане, под псевдоним Богдан. Помина бааги време откако Тане му ја спичи у Енглеска. Не сме се виделе доволно време за он да стане витез, а ја да почнам да думам да фатам фитил од овде…Или да почекам.
Да и дадам шанса на оваа моја разнебитена мајка која сеуште ја осеќам за своја?


Каде се младите? Ќе ви текне ли да го акнете алармот пред конечно овој народ и биолошки да изумре? Ќе почне ли конечно некој, да ги цени своите деца? Оние кои што се родиле и заплакале прв пат на оваа почва?

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *