Честит Ден на Независноста!

„Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни. Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците таа историја сакаме да ја пишуваме само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина. Слободата е наша прва икона и затоа не испуштајте ја од своите раце и од својата љубов. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што нѐ осветлува. Само така Македонија ќе ја видиме обединета во една толку величествена светлина. Зашто наше знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој се грееме.Ура за Македонија, ура и за тој вечен оган по кој се препознаваме!“(„Македонски манифест“ на Петре М. Андреевски, напишан во 2003 година)

Не е срамно ако умреме до еден,
но голем срам е, ести голем,
ако останеме без нашето име
од кое уште се плашат ко од чума.

А без име, векутуми, а без него и гробовите ќе ни бидат празни.

Варвари, Петре м. андреески

Да се биде Македонец –

најпрво е света работа,

а дури потоа проклетство и немир.

И не сме Македонци

затоа што зборуваме на македонски,

и не сме Македонци

затоа што пееме на македонски –

Македонци сме затоа

што тагуваме на македонски!

ТОЛКУВАЊЕ НА БОЛКАТА, бошко смаќовски

„Ама секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник. Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои. Така кажуваат и народните песни. Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда. Некој војвода има речено: за да станеш предавник, доволно е да си Македонец. Ништо не ти треба друго и ништо повеќе. Господ да ни е на помош, би рекол, зашто и нашиот господ е шпион…“

НЕБЕСКА ТИМЈАНОВНА, 1988, ПЕТРЕ М.АНДРЕЕСКИ

„За држава треба цар, даскали, доктори, писари, а ти имаш само болви и болвосерки. Македонија е само едно големо буниште“.

ВОЈВОДАТА ВО ПИРЕЈ, ПЕТРЕ М.АНДРЕЕСКИ

„Се слушаат секакви приказни. Ваму крадат Србите, онаму Грците. Тоа што не втасале да го украдат Грците, го крадат Бугарите. Кај што не можеле да поминат Бугарите, ќе поминат Србите. Тие, па тие и тоа, па тоа. А народот наш штукнат. Ќе ги прашаат „што се“, а тие не знаат ни што треба да кажат ни што треба да премолчат…“.

Бежанци, петре м.андреески

Никогаш не ѝ се израдувавме на татковината,

со една рака ја оравме, со другата ја браневме,

и до ден-денес не знаеме

кое поле ѝ раѓа најкласната пченица,

ни кој присој ѝ носи најдрочно грозје,

ни во која ливада можеш оро да извиеш

а да не се сопнеш од гроб!

Ако на минатото не му обезбедиме иднина и ако на иднината не ѝ обезбедиме минато -ќе значи дека сме поминувале низ животот како топлокрвни броеви,како стадо сенки!

Толкување на болката

Честит Ден на Независноста Македонијо!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *