Црвено-Црните со нов член: Анте Гаџа!

По Златко Хорват, кој потпиша за РК Металург и Стипе Мандалиниќ за Еурофарм, македонските ракометни тимови според хрватските медиуми се чини дека тргнале на “шопинг“ по хрватски ракометари. Најнов на листата е Анте Гаџа, досегашен играч на ППД Загреб.

Според изјавата на Михајло Михајловски за СПОРТМЕДИА , Анте Гаџа е најновиот член на Вардар, и тоа со договор на две години, по кои ќе биде одлучено дали тој ќе остане во тимот или не.

Гаџа во изминатата сезона имаше многу квалитетни настапи, со голем напредок и неговото заминување сигурно ќе остави трага во играта на хрватскиот тим ППД Загреб.

Според тврдења на одредени медиуми, во наредниот период по Гаџа, следното име кое треба да го очекуваме е Јосип Векиќ, кој е само на чекор од потпишување на договор.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *