10 Акава модели на Корона моменти

Акава Модел #1= Границите се отвораат

Кога Комисијата за заразни болести ќе даде „разумен предлог“ да ги отвори границите без тестови и изолација врз основа на 180 број на заболени на ден, исцрпени доктори, претрупани болници, а Владата ќе го усвои, дека сфатиле оти мора да научиме да живееме со вирусот. Комисијата ќе негира дека дала таков предлог, па Министерство за здравство ќе негира дека Комисијата негира. Знаеш дека е време да ги спакуваш куферите додека пак не не затвориле и правиш search на:

Сликата преземена од твитер: линк до натпис тука

Акава Модел #2= Отворање на теретани!

Кога 3 месеци си затворен само јадеш, пиеш, спиеш и викаш: Многу сакам да вежбам…Едвај чекам да ги отворат теретаните….Денот кога ќе ги отворат теретаните:

Акава модел# 3 -Неизбежни последици

Носењето на маска е неопходност. Ама, како и се во животот и тоа има последици, кои се очигледни.

Акава модел #4 = Разбиваме митови

Ако мислевте дека една личност не може да го промени светот, митот е разбиен со приказната за Лилјакот, Кинезот и Сопругата што не знаеше да готви!

Акава модел #5 – Корона бизнис

Ако на почетокот многумина беа уверени во ново пост корона време во кое богатите ќе сакаат да го споделат богатството и кружеа муабети од типот „Ете, короната ни докажа дека сите сме исти“, сега веќе сме сигурни дека богатите се побогати а нас ни требаат нови бизниси. Еве предлог!

Акава модел #6 = Кога ти е именден секој ден

Кога татко ти бил визионер и те крстил Корона и годината 2020 е твоја година.

Акава модел #7= Причина за смрт- КоВид 19

Најчеста причина за смрт во 2020- Пиши Ковид 19.

Акава модел #8= Безбедно е да се оди на избори

Кога Владата ќе ви каже дека е безбедно да се оди на избори и дека се е под контрола.

Акава модел #9 = „Не може нам нико ништа, јачи смо од Короне“

Додека кај нас Сузе Турнџиева ја запеа “Короната пуста да остане“, Новак у филм „ Не може нам нико ништа јачи смо од Короне“ или можеби не.

Акава модел #10= Короната не вирее на високи температури

Многумина се надеваа дека со доаѓањето на летото и повисоките температури, корона вирусот ќе слабее и сам ќе си оди. Ама корона вирусот не мисли така.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *