Што бидна со правдата на СЈО?

Што бидна со правдата на СЈО? Со сите ,,криминали” и правдата која тие ја најавуваа за ,,криминалците”? Што бидна со вистината за Смилковско и Диво Насеље? Што бидна со Грујо за кој цел свет знае дека е пуштен да си оди во Унгарија а единствен грев според овие му беше набавка на владин мерцедес кој не е отуѓен и истите си го возакаат без око да им трепне? Што бидна со Игор Спасов, човекот кој беше осуден 11 години за ненамерно убивање на дете и им избега од затвор а убиец на дете со пиштол пред зграда (убиениот Јанушев), кој сега е во бегство е осуден во отсуство на 9 години!

Видовме како завршија протестите

борба, протести

За Мартин, тој 5 мај, од една ,,бомба ” која беше нецелосно пуштена и го разјари народот, 4 часа пред платото на Владата да бидат тепани полицајци со бекатони, сообраќајни знаци, метални шипки и над 40 да завршат во болница. 5 Мај кога и покрај тие насилни протести, полицијата не употреби ни еден солзавец и ни еден топовски удар. Само 4 дена пред колежот во Диво Насеље! 

Видовме како завршија протестите за името кога на над 5000 протестирачи, дел од нив со своите деца, беа фрлени плутони солзавец и топовски удари по само 1 час протестирање и фрлени неколку факели над полицијата. Скопје печеше на гас во радиус од 3 км.  

Видовме како се прави пазар

Видовме и како со објавените бомби се прави пазар а со необјавените се прави рекет. Чувме и како му дале, таму некој дел на Чауш…Да се преведат де….За да можеле над Али да влијаат….Или заглавиле со преводот или Али е најчесниот политичар во Македонија. За Али нема ништо! 

Видовме и како се пљачка Фондот за Здравство и како сред пандемија, првиот човек си дава оставка и се токми да збрише за „Оустрелија“…..Видовме се.Ама не чувме ни една бомба од тие , за овие сега. И без бомби, испаднаа поголеми криминалци од оние за кои ги слушавме. 

Не Видовме ниту една Пресуда

пресуда

Не е ова наша констатација. Тоа е факт. Ни една пресуда на судот од обвиненијата на тоа нивно правосудно тело што има посебна правда- правдата на СЈО!!!

Ние Бараме да го Знаеме она што Ботовите не Сакаат Да го Знаат!

Ова нивните ботови не сакаат да го знаат. Ова нивните ботови нема да го спомнат туку ќе бараат казни за некои си ,,лажни вести ” каде веќе се изречени и глоби од неколку илјади евра поради коментари на ФБ!! Слика со сите атрибути на еден режим за кои тие претходно зборуваа!

Ботовите нивни за ова не знаат. Се што знаат е дека сакото на Рада не било толку скапо колку што е, и ги бројат копчињата на истото. Не било Balmain! Е тоа знаат!

За премногу кратко време малите гуштерчиња пораснаа во змејови. Доктрините ги усовршуваат со брзина на светлината. И доколку не им се исечат сега канџите, за 3 до 5 години ќе имаме вистински режим. 

Видовме и Заклучивме!

И ние, слободните луѓе, нема да дозволиме Македонија да падне во рацете на клиентелистите и неморалните! Македонија нема веќе никогаш да има деспот и мали деспотчиња кои ќе го бранат и ранат тој деспот!

Доста ни е! Видовме и заклучивме!!! Треба да ве збришеме додека не пораснете премногу. Луѓето што останаа овде веќе немаат години за трошење да живеат во Царство на Феудалци!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *