Црвено-Црните, Самсоненко и Политиката

Црвено-црните се Љубовта и Личната Карта на Скопје. Клубот кој од љубов и жал кон жртвите од земјотресот во 1963 година, ги менува своите бои во црвени и црни, денес се наоѓа пред тотален колапс. Клубот кој со своите млади играчи успеа да стане шампион на својата земја е оставен на немилоста на бизнисмените во оваа земја за кои нема ништо свето освен профитот и дрпањето на пари.

Тема за политички препукувања


На 23 мај оваа година на МРТВ по не знам кој пат го гледам првото финале од купот на Македонија во фудбал помеѓу Вардар и Пелистер на истиот тој датум само во годината 1993, и не можам да сфатам, како нашиве пред се спортски и фудбалски работници, политичари, од еден ваков велелепен настан, фудбалот, ракометот односно спортот во Македонија го сведоа на приватна забава со борба финалињата да се со што помалку гледачи и со што понеатрактивни противници?


Многу ми е криво што од Вардар направија тема за политички препукувања. Но, повеќе ми е криво што и бивши и сегашни играчи, а после нив и верни навивачи се дрзнуваат да оправаат како тоа Самсоненко го земал клубот со 0 долг, па редно било да го врати како таков, со 0 долг.


Како Самсоненко го зема клубот?

А дали истиве се запрашаа кога Самсоненко го зема клубот што друго беше се нула? Ако не, јас ќе ви кажам.
Самсоненко клубот го зема со 0 професионалци па истиот тој клуб дотера до второто по ранг најсилно натпреварување во Европа. Самсот го зема клубот со 0 инфраструктура, односно Вардар и да немаше каде да тренира, па истиот изгради завидна инфраструктура и тренинг кампови.
Самсот го зема клубот на црвено-црните кој години наназад немаше услови да ги прими најмладите таленти. Многу брзо по модерната Академија, односно годинава сфативме што значи влог во младите па така денешниот шампионски тим е со костур на млади Вардарци.

Негрижата не ја товарете кај други!

На ова треба ли да ја додадам инфраструктурата во ракометниот клуб за која сонува секој ракометен професионалец. Сали, теретани… И сето ова, Самсоненко го остава во наследство на тој што ќе се нафати да ги покрие „многуте“ 2 милиони.
Ако на сето ова го додадам и чувството кога Столе го дигна пехарот, кога Џигаури го измами Камени и 100тици други врхунски чувства доживеани со овие тимови, тогаш 2та милиони се множат со 0.
Самсоненко си го заврши своето. 2 милиони за просечна македонска фирма се ништо. Негрижата не ја товарете кај други. И снајдете се, зашто ќе ви се деси народ на улица!!!

Самсоненко беше и заврши

Самсоненко беше и заврши. Но што е со компанииите и бизнисмените во нашава земја? Нели им се пример бизнисмените од соседните ни земји какви гиганти издигнаа од своите спортски брендови? Како се промовираат и самите тие преку нив?

Фудбалот е спорт каде вложеното се враќа 3 пати повеќе. Каде е Вардар а каде се еден Партизан, Ѕвезда, Левски, Лудогорец….Па и еден Скендербег од Албанија има буџет од околу 6 милиони евра.

Каде се нашите газди? Или секогаш ќе чекаат да се лепат само како „муви на гомца“ кога профитот ќе биде сигурен? Бездушници. Крадачи на својот народ. Ситна Боранија! Човечка материјална и духовна нула.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *