Станавме ли робови на екранот и дигитализираните чувства?!

Заборавивме ли да разговараме како луѓе?! Дигитализацијата не пикна во малите монитори. Станавме ли робови на мобилните и дигитализираните чувства, на разговор со слики и кикотења на нереални пораки?!
Одиме по улици како роботи.Зазјапани во мобилните. Ни семафори, ни пешачки, ништо не забележуваме. Не пиеме алкохол сите по сабајле, но сите сме данбетер попијани од нашите „акаунти“, од нашето линк-поврзување со остатокот на светот.
Во автобус сите зјапаат во екраните на мобилните. По улица исто. На спортски натпревари исто. Додека го пиете кафето во град или додека вашите деца си играат во игротека.

Го пропуштаме ли животот?!


Го пропуштаме животот околу нас, веќе не сме ни живи. Битија со природни органи, а дигитализиран мозок. На улица не мора да си кажеме здраво, пошто пак ќе се најдеме на ФБ и ќе си ставаме лајкови под некои наши изразени ставови, кои никако да ги изразиме во живо или да ги кажеме во животов.

Моќните елити не шибаат во мозок, а виртуелниот интернет простор е убаво место да се „изнајадеме вафли“ и да се декомпресираме од бесот. Некогаш излегувавме од дома, и на елитите им тропавме на врата. Така изразувавме револт. Сега станавме воајери на сопствените животи кои воопшто не ги ни живееме.

Виртуелен лајк на животот

робови на мобилните


Дали во прашање е убава девојка или момче на кое сакате нешто да му предочите, нема да се осмелиме да ги запреме на улица да проговориме со нив. Ама, виртуелно, ќе им зјапаме во животите, ќе им вртиме по слики, чекирања и по листи на пријатели.
Следниот пат размислете, може е доволно да го дадете веднаш телефонскиот број кога ќе ве застанат на улица. И онака во етер имате оставено ама баш се. Добро, може мистерија е бројот на долен веш. Ама за атер на виртуелниот лајк што ќе го ставите бар кажете си здраво на улица следниот пат кога ќе се видите со тој/таа што сте го „лајкнале“.

Се сеќавате ли на „долга магарица“?


Децава пред маалата наши, заборавија што е играње серва, што е играње фудбал каде куповите облека се редеа да бидат стативи. Не знаат што се кожички за раце и џамлии, не знаат што е тегнење долга магарица и чатали ко патали. Не знаат што е „бзззт“ и мавање заушки од позади глава. Не знаат што е ферка, каде се јадеше ќотекот и после се пружаше раката, и се продолжуваше со другарството. Децава пред нашите маала имаат се помалку примери, како да израснат во „људини“ а се повеќе имаат шанси да пораснат во човечиња и безгласни букви. Проблемот станува подлабок, бидејќи децата сакаат да не имитираат нас возрасните, па за секое дете по еден мобилен, чисто да го има, ко сите во школо.

робови на мобилните 1


И додека денес, 90 насто од луѓево се вклучени, фактички сите сме исклучени од се. Имаме повеќе ФБ групи отколку водачи на навивачките трибини. Имаме страници со над 100 000 подржувачи а на улиците не можеме да се собереме ни стотина за работи кои не засегаат, за нас, за нашите деца. Е толку стана ценет нашиот збор, со дадената ,,слобода” да „јадеме гомна“ по нетов.

Исклучете се, за да се вклучите!


Меланхолични битија на кои единствена цел ни е да се навреди оној што не размислува како нас, наместо да поставиме темели на здрава комуникација. Да се сретнеме надвор и да разговараме со саати. Да пробаме да си го поедноставиме животот, затоа што моќниве елити не згазија. Ни го оставија само тој простор на социјалните мрежи, да дробиме и да не класифицираат во некои папки.


Многу подобра опција е да се исклучиме за конечно да се вклучиме во животот. Да ни го чујат гласот. Да не чујат како пцуеме или како здраво кажуваме. Да не видат како боксираме или како се ракуваме, се едно.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *