Сите Ние сме еднакви ама „Политичарите“ се поеднакви од нас!

Владата одлучи!

Владини функционери не може да фатат Корона у странство и затоа за нив нема потреба од Карантин коа ќе се шетаат по белиот свет…..

Исто така се укинува трошењето на нивниот мандат со нешетање по светот. Одлучи Владата!!!

Владата одлучи!

Да се укинат сите мерки оти никој не ги почитувал, а бројот на заболени расте!

Седевме во карантин 3 месеци да го чекаме пикот, ама Владата одлучи и тогаш и сега!

Тогаш со истите и помали бројки, да седиме дома! Сега со истите и поголеми бројки да се „распуштиме“ оти не сме биле умни! Не сите, ама мерките и онака не важат за сите! 

Исто како и законите во Македонија, тоа исти се за сите, ама…..не баш…за некои се малку поинакви. 

Функционерите на ова парче земја се големи почитувачи на литературата па особено го следат Орвел и неговата „Животинска фарма“. Модерната басна за државното управување и политиката кои еродираат од непоправливите човечки мани кои ги има СЕКОЈ кој ќе дојде и ќе се задржи подолго на власт.  

И тие добро ја сфатиле моќта на зборот. И нас како животните на фармата не убедуваат со зборови дека она што сме го виделе всушност не сме го виделе. Или сме го виделе, ама ете не сме го разбрале! Или сме го разбрале ама погрешно! До нас е!  

Па така за да сфатите треба да разберете: „Сите животни се еднакви, само некои животни се поеднакви од другите“.

И во истата таа приказна, за сите одлуки кои треба да се донесат се собираат 12-те свињи на маса. Слично на нашите „Лидерски Средби“. 

Не контам зошто Македонија има Парламент,Собрание, Ресорни Министри, итн, кога има ,,ЛИДЕРСКИ” СРЕДБИ, Пржински договори и слично. Се собрале лидери на политички партии и прават масакр на правниот систем во државава на чело со Претседателот. Како племенскиот водач ко ќе ги собере племенските заедници во некој племенски сојуз. 

Дали може одлуките на една ЛИДЕРСКА СРЕДБА, да бидат правно валидни и дали тие одлуки таму, ги обврзуваат оние 120 пратеници кои ги гласаме да одлучуваат како што ќе им кажат нивните лидери и во име на своите гласачи?

Зошто да одиме на гласање кога има,,Лидерски” Средби?

via Animal Farm cartoon

Што ќе ни е парламент? Што ќе ни се пратеници? За да го стиснат копчето за она што ќе го договорат нивните,, лидери” Дали во светот има друг пример каде демократијата во една земја е сведена на правење лидерски средби?

И ете ќе ви дадам примери од она што овој месец се случуваше во Животинската Фарма, нашата, онаа на Македонија или онаа другата на Северна Македонија. Сите биле преточени во статуси, а многу нешто се собрало во месецот мај. 

Пендаровски кажа дека е против прекројување на границите.  

Ама нашиов народец по коментари повеќе навива за српскиот министер Вулин и поделбата на Косово.

Нашиов народец повеќе сака Косово да е српско,отколку Македонија, унитарна и стабилна земја!

Македончево кур го боли дека тој процес ќе оди само на негова штета…..

Патриотизам по српски ноти до кога?!

Кога ќе сфатите дека оваа земја е ваша и си има свои интереси? Кога ќе ја исечете таа папочна врвка со БЕОГРАДУУ мајката?

СДСМ побара оставка од Чулев поради непостапување во Струга.

СДСМ не побара оставка од Чулев поради непостапување на полицијата во Сингелиќ кога градоначалникот на СДСМ имаше полноќни активности со ослободување на приведени луѓе од станица………

Тоа е е што треба да знаете за двојните аршини, полтронството и одродувањето од својот народ.

Ние нормалните, реагиравме за двата настани….Нас не ни се важни гласачите од Сингелиќ! Тезгата од Мала Речица. Нас не ни е важно да глумиме сериозна држава само таму каде што вашите коалициски пазари се небитни. А битни ќе ви бидат и тоа како! Ќе ве збрише вашиот народ од мапата на светот зошто толку често му плукате во лице. Ова е просто невидено. Но не сме глупави и не пиеме нафта. Памтиме се и гледаме се!

2 месеца нема излагање од државава,еве и трет ќе фане, а цената на зелените картони си стооооооооо……

Дали ќе ги продолжат и зошто не? 

Од денешниот наш повик сите да извадите знаме на терасите, да сликнете и да ни пратите, во знак на ПРОТЕСТ против уништувањето на симболот во Крива Паланка, го добивме овој прекрасен колаж!

Уште еднаш јавно го осудуваме вандалискиот чин и ви кажуваме дека ако ова се повтори , со знамињата ќе излеземе на улица и брусалиците од земја ќе ви ги треснеме !!!

Каков и да е овој симбол за вас, него го веат и почитуваат скоро 1 милион народ. И тоа има да го почитувате!!!

Ова е жолт картон. Нема да си имате работа со партии туку со обичниот народ!!! 

Нема да го избришете!!! 

Бутнавме режим со пенкало за да можеме и ние да набавуваме месо за 60 000 евра месечно…..Од тие бифтеците од дивеч шо се…..

И да завршиме во духот на Орвел кој некако многу ми приличи за оваа тема на ова парче земја: „Суштествата однадвор го менуваа својот изглед од свиња во човек, и од човек во свиња и повторно од свиња во човек: и веќе беше невозможно да се каже кој е кој.“

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *